Dogbrella за прошетки на дождот со вашиот миленик

Конечно не постои причина да не прошетате со кучето додека врне. Ова неверојатно корисно чадорче ќе направи фраерче од вашето милениче и ќе ви дозволи заедно да шлапкате во вирчиња.



Во овој момент Dogbrella е соодветен за помали раси кучиња, но во иднина се очекува да се појават верзии кои ќе одговараат и за поголемите миленичиња. Чадорчето е прозирно и доволува непречено движење на вашето милениче.

Со Dogbrella никогаш не ќе морате да ги прекршите навиките за шетање на вашиот миленик, а и ќе се спасите од мирисот на мокро куче по прошетката. За жал Dogbrella не ги заштитува шепите, па за нив сепак ќе мора да се погрижите кога ќе се вратите од прошетката.

No comments

Powered by Blogger.