Ciao Bella: Меланија на посета во Сицилија носи наметка Dolce & Gabbana која чини колку стан во центарот на Скопје

ПИШУВА: TOЧКА

Ама па кога ќе размислите, кој друг би ја купил наметката "Dolce & Gabbana" вредна околу 47.000 евра, ако не Меланија?

Меланија Трамп пристигна во Катана, по повод средбата G7 во Италија, облечена во преубава наметка со цветен дезен. Таа жена едноставно воодушевува со својот изглед, но за тој ефект плаќа и скапа цена. Наметката чини околу 47.000 евра, додека чантата која совршено се вклопува во изгледот е околу 1.500 евра.



Сега сфаќате од каде таа широка насмевка на нејзиното лице, така?

"Dolce & Gabbana" комплетот од околу 50.000 евра кога би ги доближиле до нашите стандарди, некој од нас со тие пари најверојатно би купил цел стан во центарот на Скопје или пак на Водно, а можеби би останало и нешто на страна за добар автомобил.



Но, да се вратиме во реалноста .. зборуваме за првата дама на Америка.

Стефано Габана на својот Инстаграм профил се пофали со модниот избор на Меланија.
И само што ќе си помислите - па кој друг би можел да си ја дозволи оваа наметка ако не токму таа? - Следува изненадување! Прескапата наметка била распродадена само еден ден откако Меланија се појави со неа во јавност. Што значи, доколку имавте 50.000 евра вишок кои не знаевте во што да ги инвестирате, ќе треба да најдете нешто друго на кое ќе ги потрошите бидејќи толку од наметката...
Капитализам...

No comments

Powered by Blogger.