Вистински „Breaking Bad”: Американски професор по хемија правел кристален мет во домашна лабораторија

Пишува: Точка

Поранешен наставник по хемија во средно училиште ја признал вината за производство на кристален метамфетамин во домашна лабораторија.

Медиумите го споредуваат случајот со познатата американска серија

Овој случај многу потсетува на популарната американска серија "Breaking Bad", во која поранешниот наставник по хемија Волтер Вајт започнува да произведува дрога со поранешен ученик.

56 – годишниот Џон Госе изјавил дека е виновен за производство и продажба на дрога откако полицијата ја открила лабораторијата во неговиот дом во Ново Мексико – местото на снимањето на хит серијата.



„Случај во кој животот ја имитира уметноста“

Џон Госе бил уапсен за време на рутинска сообраќајна контрола во октомври, кога полицијата во неговиот автомобил пронашла материјали за производство на метамфетамин.

„Благодарение на напорната работа на полицијата и обвинителството, успеавме да го затвориме случајот во кој животот ја имитираше уметноста, но воедно и да ги поштедиме даночните обврзници од судски трошоци“, изјавил јавниот обвинител Марк Д’Антонио.

No comments

Powered by Blogger.