Завршена заложничката драма во Мелбурн: Ослободена заробена жена, има мртви, силна експлозија одекнала во градот

Силна експлозија одекнала во Мелбурн, и засега постои само информација дека една жена била земена како заложник.

Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата соопштила на својот профил на Твитер дека заложничката драма е решена и дека е убиен човекот кој ја држел жената против нејзината волја во еден стан.

Сведоците пријавиле околу 40 парчиња огнено оружје во станбената зграда.



Експлозијата се слушнала околу еден час пред четири наутро по локано време на улицата Беј во Брајтон, а специјализирани единици започнале истрага.

Полицијата пронашла тело од маж кој бил застрелан во фоаје од зграда, а медиумите пренесуваат дека уште едно лице загинало.

"Полицијата е на лице место. Имавме пукање и во тек е заложничка криза. Сите патишта се затворени. Избегнувајте го ова подрачје", напишала полицијата на Твитер.

Подоцна додале дека се обиделе да преговараат со човекот во станот. Очевидците рекле дека на самото место пристигнале полициски сили, пожарникари и Итна Помош.

No comments

Powered by Blogger.