Телохранителите на Ердоган претепаа демонстранти во Вашингтон (Видео)

Девет лица се повредени, а двајца се уапсени по масовната тепачка пред резиденцијата на турскиот амбасадор во САД за време на посетата на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.



Портпаролот на Итната служба на Вашингтон Даг Бјукенан рече дека две лица се тешко повредени и однесени во болница.

Според очевидци на инцидентот, тепачката избила откако членови на обезбедувањето на Ердоган нападнале учесници во протестот пред амбасадата кои носеле знамиња на Курдската партија пред резиденцијата.

ТВ-мрежата NBC објави дека турскиот претседател бил во резиденцијата за време на жестоката тепачка.

Со оглед на тоа дека за време на инцидентот имало мноштво медиуми, веднаш се појавија снимки од тепачката на кои може да се види дека телохранителите, облечени во костуми, им влетуваат на демонстрантите и не престануваат со насилство и по интервенција од полицијата.

No comments

Powered by Blogger.