Дали е ова можно?: Арапите сечат од Антарктикот парче по парче, а еве и зошто!

Пишува: Точка

Обединетите Арапски Емирати пронашле решение за проблемите за снабдување со вода за пиење. Тие планираат од брегот на Антарктикот да одвлечат санти мраз.

Регионот со чиста вода од мразот ќе го снабдува компанијата "National Advisor Bureau", која ќе го довлекува до брегот Фуџејр во емиратите.
Директорот на компанијата смета дека еден глечер е доволен за милион луѓе за пет години. Имено, глечер со просечна големина содржи повеќе од 80 милијарди литри вода, што е доволно за преживување на милиони луѓе повеќе од пет години.
Тој додава дека глечерите би можеле да создадат микроклима и да донесат дожд во ова сушно подрачје. Се смета дека тоа е најчистата вода во светот.
Компанијата предвидува дека ќе им биде потребна една година да довлечат глечер до емиратите, а според најавите проектот ќе започне следната година.
Во компанијата велат дека и самата акција со влечење на глечерот би можела да стане нова туристичка атракција.

No comments

Powered by Blogger.