Сеад Кочан повторно во СЈО

Бизнисменот и сопственик на Телевизија Нова е повикан во Специјалното јавно обвинителство. Засега од СЈО нема информации во кое својство е повикан.



Тој пред влегувањето во СЈО не сакаше да коментира. Минатата недела тој и адвокатот Никола Додевски беа во СЈО, каде побарал увид во доказите и ги добил во електронска форма.

Сеад Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“ за наместен тендер, со кој буџетот е оштететен за 17 милиони евра.

Toj слободата ја обезбеди со гаранција од приближно 900.000 евра движен и недвижен имот. Како уверување дека нема да избега, на Кочан му е одземен пасошот и мора да се јавува еднаш неделно во Кривичен.

No comments

Powered by Blogger.