Убиен градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи

Пишува: Toчка

Почина градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи. Макфакс од полицијата дознава дека во Медицинскиот Центар-Тетово констатирано е дека градоначалникот Хазби е починат.

Убиството го извршил Абази Ќани (1964) од с.Боговиње, кој по настанот се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница, по што со возило на итната медицинска помош ќе биде пренесен во УЦ-Скопје.

Абази, според информации во медиумите, е поранешен вработен во општина Боговиње.

No comments

Powered by Blogger.