Концертот на Ариана Гранде ќе се одржи покрај нападот во Лондон


Концертот под името "The One Love Manchester", каде ќе настапи Ариана Гранде заедно со Џастин Бибер, Кејти Пери, Мајли Сајрус и други ќе се одржи денес.

Околу 50,000 луѓе денес се очекуваат да присуствуваат на хуманитарниот концерт предводен од Ариана Гранде за жртвите од нападот во Манчестер, ден откако седум луѓе беа убиени во уште еден терористички напад на мостот Лондон.

Обезбедувањето се очекува да биде на екстремно високо ниво на Emirates Old Trafford Cricket Ground стадионот, заедно со полиција која замолува сите што присуствуваат да не носат торби за полесно и побрзо влегување.



Билетите за концертот се продале во само 20 минути во четвртокот и уште 14,000 билети биле доделени на луѓе кои биле на концертот на ноќта на нападот.

На Гранде ќе и се придружи Кејти Пери, Мајли Сајрус, Џастин Бибер, Роби Вилијам, Литл Микс,  Таke That, Блек Ајд Пис, Ашер и Ниал Хоран во тричасовниот концерт кој ќе биде емитуван во 50 земји ширум светот.

No comments

Powered by Blogger.