Како изгледа најскапиот автомобил на светот?

Пишува: Точка

Иако производителот не сакал да ја соопшти цената на возилото, овој уникатен Rolls-Royce наводно чини 10 милиони фунти, што прави да биде најскап нов автомобил на сите времиња.

Rolls-Royce на манифестацијата Конкурс на елеганција (Concorso d'Eleganza Villa d'Este) којашто традиционално се одржува секоја година на крајбрежјето на езерото Комо во Италија претстави уникатен автомобил со ознаката Sweptail, којшто е изработен во еден единствен примерок.
Со оглед на фактот дека на целиот свет нема да постои уште еден Sweptail, а земајќи ги предвид сите дополнителни луксузни содржини со коишто Sweptail и тоа како ги надминува “обичните” Rolls-Royce автомобили, сумата од 10 милиони фунти (околу 11.5 милиони евра), којашто се споменува на странските автомобилски веб страници можеби е и навистина точна.

Како основа за овој уникатен автомобил послужил серискиот Rolls-Royce Phantom Coupe, а дизајнот е инспириран од старинските модели на овој производител, но инспирацијата е делумно исцрпена и од изгледот на луксузните јахти.
Внатрешноста е исто така значајно намалена во однос на регуларниот Phantom Coupe, а помеѓу скапоцените материјали коишто се употребени во кабината се истакнуваат деталите од најквалитетно дрво и кожа.
Rolls-Royce во меѓувреме соопшти дека со анонимниот клиент се договарале само околу деталите во врска со изработката на возилото, но не и околу цената (очигледно се работи за оној вид на купувачи на коишто тоа и не им е толку важно), што до некаде го објаснува изостанокот на официјална информација во врска со тоа колку овој луксузен модел и навистина чини.

Но, кога се знае дека е единствен ваков автомобил на светот, купувањето на едно вакво возило, и покрај “астрономската” цена, може да се покаже и како добра инвестиција за во иднина, бидејќи неговата вредност со текот на годините веројатно и уште повеќе ќе расте.

No comments

Powered by Blogger.