Затворите во Северна Кореја се полоши од пеколот: Затворениците се хранат со измет од...

Пишува: Toчка

Северна Кореја уапси уште еден американки државјанин на својата територија под обвинение дека подготвувал непријателски активности за рушење на државата.

Доколку биде префрлен во затвор, тој ќе биде петтиот Американец кој ќе биде сместен во севернокорејските логори кои се познати како едни од најлошите на светот на сите времиња.

Многу инсајдерски информации со кои што располагаат тајните служби на Јужна Кореја говорат дека бројот на затвореници во последните неколку години се намалил. Пред десетина години околу 200 илјади луѓе практично имале статус на робови, а денес во затворите ширум државата се затворени помеѓу 80 до 120 илјади луѓе.

И покрај тоа, теророт кој што се спроведува таму над затворениците и натаму може да се спореди со нацистичките логори од времето на Втората светска војна. Во Северна Кореја во последните 20 години се проценува дека успеале да побегнат околу 20 илјади луѓе, а нивните раскажувања се поклопуваат едни со други, што значи дека повеќе или помалку тие ја говорат вистината.

Едно од многуте сведоштва кои што го шокираа светот беше и сведоштвото на Ким Хје-Соок во Обединетите нации која што кажа дека 28 години била затворена, без да знае што згрешила.
Имала само 13 години кога завршила во затвор заедно со нејзиното семејство. Работните денови во логорите траеле од 16 до 20 работни часа, дневно секој добивал по една порција каша од пченица, често сите биле претепувани и малтретирани ако не можеле да работат, а сите живееле во групи од тројца, така што секој од нив составувал извештаи за останатите двајца, кажувал колку работат и како се однесуваат.

Сепак, послушноста не е доволна, туку се бара апсолутна покорност. Хје-Соок преживеала само затоа што добила задача да одгледува домашни животни за чуварите. Конечно, кога ја пуштиле од затвор после 28 години, ѝ објасниле дека била во затвор затоа што нејзиниот дедо за време на Корејската војна побегнал на југ.

Во Северна Кореја најпознати се токму колективните казни - доколку некој од семејството направи некое злодело, ризикува целото негово семејство да се најде во работнички логор. Често затворениците не ги познаваат своите роднини поради кои што лежат во затвор. Раскажувањата на преживеаните затвореници и ден денес го шокираат светот - тие откриваат дека луѓето во работничките кампови толку се изгладнуваат, што дури и прибираат низ изметот на кравите, барајќи семки од житарици за да ги јадат.
Според некои извештаи на Обединетите нации, некој човек раскажал дека бил затворен во ќелија висока само 50 сантиметри, затоа што добил образложение дека животните како него, мора да се научат да ползат пред претпоставените.

Друга Корејка раскажала дека нејзиниот брат го фатиле како се обидува да побегне од државата, па го казниле така што го вратиле во неговиот град, му ги врзале рацете и го врзале за камион, па така го влечеле низ целиот град се додека не починал. Тоа било лекција за сите кои што планираат да избегаат од државата.

Според информациите на тајните служби на Северна Кореа, времето тече, но сите побегнати затвореници и ден денес го опишувале истиот систем на измачување во затворите и работничките кампови како и пред неколку децении.

No comments

Powered by Blogger.