Нејзиниот сопруг измамил илјадници луѓе: Кога биле на врвот на моќта, дошла најлошата казна

Пишува: Точка

Берни Мадоф е озлогласен американски претприемник и најголем финансиски измамник на светот. Управувал со пирамидална шема вредна 18 милијарди долари, и поради тоа бил осуден на 150 години затвор.

Меѓутоа, неговата сопруга ги почувствувала последиците од финансиските манипулации на Берни. Рут Мадоф ги изгубила парите, статусот во општеството, но уште поважно, ги изгубила и двајцата синова откако Мадоф ги признал измамите кон крајот на 2008. година. Постариот син Марк извршил самоубиство, а помладиот Ендру умрел од рак во 2014. година.


Овие денови таа живее доста повлечено во гратче со околу 6.000 жители во Конетикат. Речиси сите знаат која е, но сите ја оставаат на мира.
"И таа има право на приватност. Зошто не ја пуштите на мира", остро го критикувала една госпоѓа фотографот на New York Post кога се обидел да ја фотографира Рут.

Некогаш таа редовно оставала по стотина долари во најскапите фризери во Њујорк, често одела на маникир и педикир, а била чест гостин и во бројни козметички салони. Меѓутоа, се се променило. Сега почесто ја гледаат во прошетка на локалните плажи. Нејзините нови пријателки се госпоѓи кои се занимаваат со изработка и продажба на ракотворби, госпоѓи кои не трошат пари ни време на разубавување.
"Да не живеат во Олд Гринвич би рекле дека се бездомнички. Рут минува многу време со нив", рекла една сосетка. На прв поглед може да се каже новата заедница ја прифатила, но постојат бројни сомнежи.

"Не верувам во таа приказна дека не знаела ништо и дека и било тешко. Не видела ни пола од проблемите кои ги имале луѓето измамени од нејзиниот сопруг. Луѓето поради Мадоф вршеле самоубиства. Како може да делите кревет со некој толку години и да не знаете што прави", рекол еден сопственик на продавница во Олд Гринвич.
Рут била мажена за Берни цели шест децении, од свои 18. Дури и откако бил осуден на затворска казна, се обидувала да одржува добри односи. Редовно го посетувала во затвор, но сето тоа престанало кога Ендру и поставил ултиматум. Или него, или синот. Таа го одбрала синот, иако неколку години подоцна го изгубила.

No comments

Powered by Blogger.