Аларм во Пјонгјанг: По грешка лансирале ракета кон Русија, па веднаш ја уништиле

Пишува: Точка
Рускиот претседател Владимир Путин ги стави руските сили на висок степен на подготвеност после последните обиди за лансирање на балистичка ракета на Северна Кореја.

Генералштабот на јужнокорејската армија соопшти дека нивните радари „фатиле“ ракета од среден домет, односно од типот „КН-17“, како е лансирана североисточно на 49-ти степен од областа во близина на Пукчанг, Северна Кореја.

Од командата на ракетните сили на севернокорејската армија, набрзо сфатиле дека е направена катастрофална грешка, по што намерно била уништена лансираната ракета.



„Доколку летот на севернокорејската балистичка ракета која што леташе во североисточниот регион не беше прекинат, целта на ракетата беше руска територија. Тоа е причината зошто Северна Кореја веднаш, намерно ја уништи ракетата“, стои во соопштението на јужнокорејската армија за медиумите.

Јужнокорејските медиуми цитираат извор кој што рекол дека целта била „различна од претходните“, додавајќи: „Во минатото, лансираа свртени за 89-90 степени кон исток, а проектилот секогаш паѓаше во морето. Но, аголот на лансирањето на овој проектил бил 49 степени“.



Во прилог на ова тврдење на јужнокорејците оди и руската реакција после лансирањето - веднаш било воведено ниво на висока воена подготвеност кај руската армија сместена во регионот на Владивосток.

Претседателот на рускиот комитет за одбрана и безбедност, Виктор Озеров истакнал дека таквата одлука била донесена поради растечките тензии во Корејскиот полуостров, додавајќи: „Против-воздушната одбрана на Руската Федерација на Далечниот исток е ставена на високо ниво на подготвеност“.

No comments

Powered by Blogger.