Прво појавување на Трампови од „аферата“: Меланија приредила голем гаф

Пишува: Точка

Откако стана прва дама на Америка, Меланија Трамп немаше ниту едно модно промашување. Сега, откако во медиумите се појавија шпекулации дека се разведуваат, таа си дозволила моден „пропуст“.

Во екот на шпекулациите дека се разведуваат, Меланија се појавила со својот сопруг на свеченоста во театарот „Форд“ во Вашингтон на кој му оддала чест на поранешниот претседател Абрахам Линколн.



Во желбата да блесне во вистинско светло, првата дама на Америка го направила своето прво модно промашување. Иако фустанот кој го носела чинела 17.000 долари, таа изгледала како очајна домаќинка. Впечатокот не го поправиле ниту класичните „Маноло Бланик“ салонки.



Едноставно, јазолот на централниот дел од фустанот направил ужасен пропуст и Меланија не можела да направи ништо во врска со тоа – ниту со позирањето, ниту со држењето не можела да ја поправи работата.



Освен тоа, фустанот очигледно бил премногу долг, па цело време го поткачувала со потпетиците, па на крајот морала да го придржува со рацете.






No comments

Powered by Blogger.