Тинејџер го надмина резултатот на Стивен Хокинг на тест за интелигенција

Според тестот за интелигенција на Мensa, 13-годишен ученик од Есекс постигна повисок резултат од Стивен Хокинг, еден од најинтелигентните луѓе на светот.



Мајкл Доран е еден од неколкуте ученици од училиште во Кенви Ајленд, Есекс кои постигнаа високи резултати на тестот за генијалци на Mensa.

Неколку ученици добија резултати што се вбројуваат во највисоките 2% според нивото на интелигенција.

Мајк доби 161, наспроти 160 на Хокинг. Тој вели дека неочекувал таков резултат и дека сака да ја примени неговата интелигенција за поголемо добро на човештвото.

Сака да направи нешто за да ѝ помогне на разузнавачката служба на Велика Бртитанија MI6 да се бори против тероризмот и да го направи светот подобро место за живеење.

No comments

Powered by Blogger.