Ситуацијата на југот на Сирија ескалира: Американците повторно ја нападнаа сириската војска

Пишува: Точка

Американските авиони повторно ги нападнаа позициите на сириските владини сили во близина на базата Ат Танф - ова е втор напад на Американците за помалку од една седмица.

Американските воздушни сили изведоа нов напад на позициите на сириските владини сили во близина на базата Ат Танф на југот на Сирија - ова е веќе втор напад на американското воено воздухопловство оваа седмица.

Да потсетиме, сириските сили беа нападнати и во вторникот, како и доцна во текот на вчерашниот ден - како причина е наведена, исто како и пред неколку дена, дека сириските владини сили се приближиле премногу до американската база кај градот Ат Танф и ја загрозувале безбедноста на базата.

Имено, станува збор за голема американска база во која што американските воени експерти ги тренираат Курдските борци кои што се бора против џихадистите на Исламската држава.



„Американските сили изведоа напади на две технички возила за кои што се проценило дека претставуваат закана за коалициските сили во близина на базата Ат Танф“, потврди портпаролот на Анти-ИСИС коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави, полковник Рајан Дилон.

„Денес е изведен веќе третиот напад како одговор на заканите кон коалициските сили во базата Ат Танф. Коалицијата нема цел да се бори против режимот на сирискиот претседател, ниту против про-режимските сили, но подготвени сме да се браниме против секоја закана“, изјави Дилон во вчерашната порака по изведувањето на воздушниот напад.



Исто така, Дилон порача дека овој пат американските сили срушиле и едно беспилотно летало кое што било слично на американскиот дрон "MQ-1" кој што им припаѓал на сириските про-режимски сили.

Русите го осудија овонеделниот напад и сигурно дека истото ќе го сторат и после најновиот воздушен напад на американските сили. Очигледно е дека ситуацијата на југот на Сирија ескалира, но исто така јасно е дека САД воопшто нема да им обрнат внимание на критиките кои што доаѓаат од Москва.

No comments

Powered by Blogger.