Што би било ако Хилари не се омажела за Бил Клинтон?

Пишува: Точка

Како би изгледал животот на Хилари Родам, ако таа не се согласеше на брак со Бил Клинтон? Токму ова е главната тема којашто ја обработува најновата книга на авторот на бестселери Кертис Ситенфелд.

Според најавите на издавачката куќа Random House, Ситенфелд овојпат ќе раскаже една поинаква приказна за животот на Хилари Клинтон.

Во реалниот живот, поранешната прва дама на САД повеќе пати ја одбивала брачната понуда на Бил Клинтон, пред конечно да се согласи да се омажи за него. Од друга страна пак, во романот којшто сè уште нема наслов, таа еднаш за секогаш ќе ја одбие понудата за брак од Бил, после што продолжува со својот живот во една поинаква насока.

Како што пренесува AP, засега сè уште не е познато кога би требало официјално да биде објавена оваа книга.



Ситенфелд го напиша бестселерот “Американска сопруга” чијашто главна јунакиња помалку потсетува на Лора Буш. Истовремено, писателот на научнофантастични приказни Вилијам Форд Гибсон пишува роман на тема што би било ако Хилари Клинтон победеше на претседателските избори.

No comments

Powered by Blogger.