Разрешена мистеријата за најчудниот сигнал од вселената

Во 1977 година телескоп лоциран во Државниот универзитет во Охајо забележал моќен радио сигнал кој траел 72 секунди, но астрономите не успеале да откријат од каде потекнува. Сигналот бил толку силен што астрономот Џери Еман, кој прв го забележал, го заокружил со црвено пенкало и напишал „Wow“. Мистеријата за него не е решена сè досега.



Астрономот Антонио Парис веќе долго време го проучува сигналот. Во 2016 година тој објави заедничко истражување со колегата Еван Дејвис, во кое сугерираат дека сигналот е предизвикан од комета која орбитирала во соларниот систем. Всушност, станува збор за две комети кои тогаш поминале покрај Земјата. Овие комети се откриени дури во 2006 година, кога повторно минале покрај Земјата, но дури годинава, кога повторно минале покрај нашата планета е потврдена теоријата на Парис.

Студијата е објавена во Journal of the Washington Academy of Sciences и со неа се докажува дека мистериозниот сигнал нема никаква врска со вонземјани.

На кометите 266P/Christensen и P/2008 Y2 (Gibbs) им се потребни седум години за да направат круг околу Сонцето. Сега, кога знаеме дека кометите можат да создадат сигнали, треба да бидеме многу повнимателни со сите идни сигнали од вселената.

No comments

Powered by Blogger.