Што е вистински здрав појадок?

Ајде да започнеме со една добро позната: Појадокот е најважен оброк во денот. Самите ќе одлучите дали ќе се согласите со ова или не исто како што и самите ќе одлучите дали ќе каснете воздух што ќе ве остави гладни или ќе појадувате храна која ќе ве држи сити и полни со енергија.


Луѓето кои се хранат здраво јадат вистинска храна. Првото правило за појадок е да не се прескокнува појадокот. Колку и да звучи примамливо да ги скратите утринските калории толку потешко ќе ви биде да ги скратите навечер.

Овошјето е идеална опција за појадок бидејќи ве снабдува со потребните витамини и минерали, а хранливите влакна пак ве држат сити подолго време.

Бојата на смудито е многу важна. Честопати се претерува со овошните варијанти на овие напитоци па од здрав појадок завршувате со појадок полн шеќери. За таа цел, потрудете се во вашето утринско смуди да преовладува зеленчукот.



Направете време за кафе и чај. И едната и другата опција се здрави. Кафето е добро за здравјето на срцето, а чајот е полн со антиоксиданси, помага во губењето килограми и го намалува ризикот од заболување од рак.

Слободно уживајте во малините. Малините се полни со антиоксиданси, витамин Ц и се одлични за вашето здравје. Ова црвенкасто задоволство спречува болести на очите и артитис.



За намален ризик од дијабетес и срцеви заболувања каснете супена лажица путер од бадеми, но внимавајте тоа да остане така. Путерот од бадеми е богат со протеини, хранливи влакна и здрави масти, но од исклучителна важност е да бидете умерени во неговото конзумирање.

No comments

Powered by Blogger.