Што всушност им се случува на луѓето неколку секунди по смртта?

Пишува: Точка

Се чини дека конечно го добивме одговорот на прашањето кое мачи многумина - што се случува кога човек ќе умре?

Смртта е мистерија, но постојат луѓе кои имаат дојдено во допир со неа па можат да ни кажат што се случува во тие неколку секунди.

Една таква личност е д-р. Б.Ј. Милер од Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско.

Тој секојдневно поминува време работејќи со смртно болни пациенти и верува дека знае што точно се случува со телото кога некој ќе умре.

Впрочем, луѓето пред да умрат ја разбираат смртта многу подобро отколку ние и тоа е причината зошто сите тие ја кажуваат едната иста реченица во рок од 72 часа пред да починат.

"Сум бил во присуство на многу луѓе во моментите на нивната смрт, телата на штотуку починати... и постои тој момент на двоумење и потоа лесно заминување. Како некои работи да висат во воздухот", открива тој.



Тој додава дека многу е тешко да се сфати тој момент на двоумење и како тој се манифестира, но не значи дека не се случува, објаснил.

И тој самиот бил блиску до смртта по бизарната несреќа во која изгубил три екстремитети. Сепак, вели дека тоа придонело помалку да се грижи околу работите кои се случуваат по ова "двоумење".

"Една работа во која оваа повреда ми помогна е тоа што повеќе немам потреба да знам. По несреќата веќе не чувствувам дека морам да имам контрола врз сите работи. Го обожавам фактот што немам потреба да знам. Одговорот не е важен. Станува збор само за еден убав и свет момент", објаснува Милер.

Според него, не постои драматичен момент на смртта, таа е сосема обична и природна работа.

"Седев покрај луѓето кои зборуваа со своите семејства и кои умираа за време на овие разговори. Сето тоа се чинеше некако природно и како нормален тек на овие работи. Сето ова всушност е, прекрасно, секојдневно и обично. Постои момент во кој се' изгледа како прост и едноставен факт. Умираме. Тоа е шармот на смртта, тоа е нејзината убавина", открива тој.



Милер верува дека кога се случува, смртта треба да се почитува.

"Тоа е навистина еден длабок и неверојатен момент кога ќе го видите телото на една личност како негова школка. Човекот заминал на друго место, но животот продолжува", додава тој.

No comments

Powered by Blogger.