Убиство на висока нога: Америка во шок: Угледни доктори пронајдени заклани со торба полна скапоцености

Пишува: Точка

Угледниот американски докторски пар во петокот минатата недела бил пронајден мртов во луксузно поткровје во Бостон. Рацете и нозете на 49-годишниот анестезиолог Ричард Филд и 36-годишната Лина Боланос, кои работеле во престижни бостонски болници, биле врзани, а гркланите им биле пресечени, пишува "BBC".

Човекот одговорен за страшното злосторство е идентификуван како Бампамим Тешеира, кој неодамна излегол од затвор по отслужувањето на 8-месечната казна за вооружен грабеж на банка, но неговиот мотив за убиството не е познат.



Кратко откако напаѓачот влегол во станот, доктор Филд на еден пријател му пратил две СМС пораки, а во едната од нив напишал: "Во станот ми влезе вооружен човек.



Споменатиот пријател ја алармирал полицијата, која набрзо дошла во станот каде го затекнала Тешеира, кој почнал да пука во нив. Во размената на оган бил повреден и однесен во болница, каде бил и формално уапсен, а против него е поднесена кривична пријава. По размената на огнот, полицајците ги затекнале мртвите тела на парот кој наскоро требало да се венча.



Полицијата на почетокот била уверена дека жртвите го познавале убиецот од претходно.

"Безбедноста во зградата е на доволно високо ниво за независен гостин да може незабележан да влезе, а провалите се речиси невозможни бидејќи влезот го чува обезбедување", изјавил бостонскиот полициски шеф Вилијам Еванс за тамошните медиуми и додал дека на ѕидот била напишана порака за одмазда, со нејасно значење.



Подоцна од полицијата објавиле дека убиецот не ги познавал жртвите. Исто така било објавено дека на местото на злосторството била пронајдена торба полна со скапоцености, кои наводно и припаѓале на Лина.



Судејќи по објавите на социјалните мрежи, Лина и Ричард уживале во заедничкиот живот, со успешни кариери и чести патувања.



Зошто до овој степен му згрешиле на Бампамим Тешеира, уште не е разјаснето.

No comments

Powered by Blogger.