Австралиска политичарка дои во парламентот

Иако е стара само два и пол месеци, оваа недела малата Алија Џој Вотерс влезе во историјата на австралискиот Парламент. Десетнеделното бебе Алија во вторникот ѝ се придружи на својата мајка, сенаторката Лариса Вотерс, за време на седница во парламентот во Канбера.



Тоа беше прво појавување на сенаторката во парламентот откако се породи, а кога Алија огладни, мајката не се колебаше да почне да ја дои.

Хранењето на девојчето веднаш се појави на незиниот Твитер, а Лариса, која е козаменик и сенатор на Квинсленд, изјави дека е ‘горда’ бидејќи нејзината ќерка ‘влегла во историјата’.

No comments

Powered by Blogger.