Скандал на Ролан Гарос: Тенисер исфрлен од турнирот, сексуално вознемирувал новинарка

Пишува: Точка

Несекојдневен настан го одбележал овогодинешниот Ролан Гарос, кога еден натпреварувач бил исфрлен од турнирот бидејќи допрел новинарка за гради.

Младиот француски тенисер Максим Хаму бил исфрлен од Ролан Гарос поради сексуално вознемирување на новинарка, која се обидувала да направи кратко интервју со натпреварувачот.

Во текот на преносот во живот, новинарката му поставувала прашања на тенисерот, кој се однесувал многу непрофесионално и покрај нејзините предупредувања продолжил со скандалозното однесување.

Хаму и се додворувал на новинарката, ја бакнувал, прегрнувал и на крајот ја фатил за гради.
Организаторите на Ролан Гарос поради овој инцидент му ја одземале акредитацијата и го исфрлиле од комплексот во Булоњската шума.

"Неговото однесување е примитивно и за жал, ги рефлектира односите меѓу мажите и жените кои постојат во секојдневниот живот. Да не бевме во пренос ќе го удрев" рекла новинарката Мали Томас.

Хаму има 21 година, моментално е 287. на АТП листата.

Хаму на Ролан Гарос дошол на повик на организаторите, како тенисер кој може да изненади. И изненадил...

No comments

Powered by Blogger.