Ужас во Британија: Тигар убил чуварка во зоолошка градина

Пишува: Точка

Тигарот во зоолошката градина во Хамертон, на југоистокот на Англија, ја убил чуварката на тој парк кога влегол во оградениот простор во кој таа се наоѓала, соопштила британската полиција.

Се огласил и зоолошкиот парк Хамертон, кој на својот профил на Фејсбук оценил дека изгледа дека станува збор за "бизарна несреќа" и нагласил дека истрагата е во тек, пренесува AFP.


Посетителите биле евакуирани кога дошло до инцидентот во зоолошката градина, која е оддалечена на околу 130 километри од Лондон.

Се очекува поради истрагата зоолошката да биде затворена и наредните денови.

No comments

Powered by Blogger.