Принцот Хари и Меган Маркл за прв пат официјално во јавност (Фото)

Британскиот принц Хари и неговата девојка, актерката Меган Маркл за прв пат се појавија официјално во јавност.



Американската актерка го бодреше принцот Хари кој заедно со брат му, принцот Вилијам, учествуваше во натпреварот во поло Audi Polo Challenge во Аскот.



Британските медиуми по натпреварот успеаја да ги „фатат“ Хари и Меган како разменуваат нежности на паркингот, а Меган беше фотографирана како го бодри Хари од гледалиштето.



Славната двојка на овој начин потврди дека е во сериозна врска бидејќи за прв пат нескриено и официјално се појави на настан.



Двојката претходно приватно беше заедно на свадбата на близок пријател на Хари. Меган официјално доби дозвола од кралското семејство да му биде партнерка на Хари на свадбата на Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт, војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам.



Меѓу ѕвездите кои присуствуваа на натпреварот беа актерките Ема Стоун и Гема Артертон.

No comments

Powered by Blogger.