Ким откри која земја ќе биде прва нападната доколку дојде до војна: Нуклеарниот облак доаѓа...

Пишува: Toчка

Севернокорејската национална телевизија на некој начин откри која земја прва ќе „настрада“ од нивните нуклеарни бомби доколку дојде до војна.

Доколку ситуацијата на Корејскиот полуостров ескалира и се претвори во отворена војна, Јапонија ќе биде првата земја која што ќе настрада, како политички, така и од нуклеарното оружје со кое што располага Северна Кореја, пренесе севернокорејската национална телевизија.

Тие испратија предупредување до Токио да се воздржи од било какви непријателски акции кон Северна Кореја.



„Во случај на нуклеарна војна на полуостровот, Јапонија која што смести логистички и лансирни бази, како и воздушни бази за војската на САД, ќе биде под дејство на радиоактивниот облак пред со тоа да се соочат сите други земји“, објавија севернокорејските државни медиуми.

Тие потсетуваат дека Токио има претходни искуства со нуклеарното оружје, јасно порачувајќи дека Јапонија ќе биде целта број еден на севернокорејските ракети - односно Северна Кореја со своето најмоќно оружје со кое што располага, најпрвин ќе ги нападне американските бази сместени во Јапонија.



„Ако Јапонија навистина се грижи за своите интереси, тогаш мора да направи напори за мирно решавање на прашањето за Корејскиот полуостров“, порачаа од Пјонгјанг.

„Како прва земја на светот која што претрпе катастрофа од атомска бомба, Јапонија знае многу подобро од сите останати земји колку се страшни нуклеарните катастрофи“, порачаа Севернокорејците.

No comments

Powered by Blogger.