Остра порака на премиерката на Полска: Европо, подигни се од колена за да не ги оплакуваш своите деца секој ден!

Пишува: Точка

Полската премиерка Беата Шидло изјави дека Полска нема да прифати Европската унија да ја условува за да прима бегалци и да учествува во лудилото на бриселските елити во утопијата на отворените граници.

Шидло ја повика Европа после терористичкиот напад во Манчестер да се дигне од колена затоа што во спротивно, секојдневно ќе ги оплакува своите деца.

„Имам доволно храброст да им го поставам на политичките елити во Европа следново прашање: Каде одите? По кој пат одиш Европо? Подигнисе од колена, излези од летаргијата, затоа што во спротивно секојдневно ќе ги оплакуваш своите деца во иднина“, изјави премиерката на Полска.

Беата Шидло ги обвини европските политичари дека се заслепени од политичката коректност и им порача дека не ја гледаат најголемата закана по европското заедништво, а тоа е, како што изјави, утопијата на неконтролираното отворање на границите.



„Полска не се согласува на никакви уцени од страна на Европската унија. Нема да учествуваме во лудилото на бриселските елити. Ние сакаме да им помагаме на луѓето, а не на политичките елити. Владата на партијата Право и правда смета дека помошта е најефикасна таму каде што проблемот е започнат. Сакаме да помогнеме и да ја зголемиме хуманитарната помош“, изјави Шидло.

Полската премиерка со ова јасно порача дека Полска нема да ги прифати квотите за прифаќање на одреден број на бегалците, затоа што тие со себе го носат тероризмот и со тоа се зголемуваат шансите и во Полска да бидат извршувани терористички напади слични на оние во Франција, Белгија, Германија и сега Велика Британија.



Посебен проблем околу прашањето со бегалците е тоа што бегалците од Блискиот исток и Северна Африка е тоа што тие воопшто не се интегрираат во западните општества. Поради тоа, сведоци бевме на бројни напади на жени и силувања во Германија, Австрија и Шведска, насилства, зголемување на криминалот и зголемување на терористичките напади.

Бомбашот самоубиец од Манчестер според аналитичарите е најголемиот доказ за тоа - неговите родители мигрирале од Либија, тој е роден во Велика Британија, но очигледно не успеал да се интегрира во тамошното општество, па преку радикалниот ислам изведе напад и им го одзеде животот на 22 лица.

No comments

Powered by Blogger.