Зетот на Трамп во центарот на истрагата на ФБИ

Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер сега е во фокусот на ФБИ истрагата поради вмешаност со Русија за време на претседателската кампања.



Кушнер и негов близок соработник имале најмалку три неоткриени контакти со рускиот амбасадор во САД. Ова се случувало за време и по претседателската изборна кампања во 2016 година, објавуваат американските медиуми.

Во контактите спаѓаат и два телефонски повици направени помеѓу април и ноември минатата година, за што Кушнер сега е во фокусот на ФБИ истрагата.

Новите информации за двата повика покажуваат дека контактите на Кушнер со Сергеј Кислјак биле побројни отколку што Белата куќа објавила.

Весникот „Вашингтон пост“ открива дека има најмалку 18 неоткриени повици и мејлови помеѓу соработниците на Трамп и лица поврзани со Кремљ седум месеци пред претседателските избори, вклучувајќи и шест повици со Кислјак.

No comments

Powered by Blogger.