mk
"Ќе ги убијам сите муслимани"! - Со комбе газел луѓе пред џамија во Лондон: Најмалку едно лице загинало, има повредени!

Пишува: Точка
Едно лице е убиено, а осум се повредени, кога комбе влетало во толпа, по полноќната молитва, во близина на една џамија во Лондон.
Како што пренесе британскиот сервис Би Би Си, полицијата дваесет минути по полноќ објави дека се случил „голем инцидент“ во близина на џамијата Финсбери парк.
Од лондонската полиција соопштија дека бил уапсен 48-годишен маж, кој го управувал комбето, но и дека нема други осомничени за нападот.
Муслиманската заедница во Велика Британија го осуди инцидентот наведувајќи дека е мотивиран од исламофобијата, додека лидерот на лабуристите Џереми Корбин рекол дека е шокиран од она што се случило.
No comments