Наоми Кембел: Ми паѓа косата, не се срамам што носам перики

Една од најпознатите манекенки на светот која уште активно работи призна за списанието ЕS Magazine дека често носи перики бидејќи се бори со опаѓање на косата поради долгогодишното користење додатоци, екстензии, плетенки и разни препарати за коса.



Во изминативе неколку години Наоми често беше мета на медиумите кои ја фотографираа со проретчена коса, а беше забележана и со целосно ќелави делови на скалпот.



„Почнав да водам посебна грижа за косата бидејжи многу ми опадна со ставањето додатоци. Иако костата ми порасна на местата каде ми беше падната, не се срамам да посегнам по периките“, рече манекенката.



„Низ цел свет се носат перики. Тоа не ми е важно. Го правам тоа што го сакам и тоа што работата го бара од мене“, вели Наоми.

На прашањето дали е приврзаничка на ботокс и пластични операции, таа рече дека „сѐ што сакам да направам на себе, ќе го направам.“

No comments

Powered by Blogger.