Путин му одговори на Макрон: Хемиското оружје беше оправдување за бомбардирањето на Сирија

Пишува: Точка

Рускиот претседател тврди дека силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад не стојат зад хемискиот напад во провинцијата Идлиб кој што беше изведен во април оваа година.

„Според нашите информации, нема никакви докази дека силите на Башар Ал Асад корителе хемиско вооружување. Ние сме убедени дека сириската војска тоа го нема сторено“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Неговите коментари доаѓаат еден ден подоцна, откако претходно претседателот на Франција, Емануел Макрон порача дека употребата на хемиско оружје во Сирија е „црвената линија“ која што ја има поставено Франција и доколку такво нешто повторно се случи, ќе следува француска одмазда.

Рускиот претседател изјави дека понудил да организира инспекции кои што треба да го посетат местото каде што беше изведен хемискиот напад во градот Кан Шеикун, но сите големи светски сили го одбиле таквиот предлог.



Според Владимир Путин, целта на таквите обвинувања кои што доаѓаат од страна на западните земји е да се изврши притисок и да се дискредитира сирискиот претседател Башад Ал Асад.

„Тоа беше начин за објаснување на меѓународната заедница зошто беше неопходно да се продолжи со наметнувањето на мерки за да се изврши притисок врз Асад, вклучувајќи и воен притисок“, изјави Владимир Путин.



Набрзо после спорниот хемиски напад за кој што западните земји тврдат дека го извеле силите на Асад, со оглед на тоа што во периодот на нападот, во таа област летале само авионите на сириското воено воздухопловство, американскиот претседател Доналд Трамп нареди ракетирањe на воена база на сириската армија.

Од друга страна, сириската армија демантира дека тие извеле напад со хемиско оружје и тврдат дека сириските авиони погодиле магацин на бунтовничките сили во кој што било складирано хемиското оружје.

No comments

Powered by Blogger.