Сестрата на Кејт Мидлтон е каприциозна невеста

Сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа, како и секоја невеста има чудни барања за нејзината венчавка.



Беше одлична во улогата на деверуша, но за девет дена и таа ќе стапи во брак со Џејмс Метјуз. Тие ќе го кажат судбоносното ‘да’ во организација која чини околу 450.000 долари, па затоа Пипа решила да режира дел од церемонијата.



Се говори дека невестата побарала секој од гостите да понесе облека за пресоблекување како да не е доволно тешко да се одбере една комбинација. Но, камо ли да беше само тоа.

Пипа побарала секој да го понесе својот партнер на свадбата, но не и дечко или девојка.

Ова правило го прескокнала само за брат ѝ Џејмс Мидлтон и за принцот Хари и неговата девојка Меган Маркл.

За жал, ова правило ја тргнало од листата на гости девојката на братот на нејзиниот иден маж.

Нека им е со среќа на 20 мај. На гостите.

No comments

Powered by Blogger.