Голди Хоун и Курт Расел покажаа колку се сакаат на Патеката на славните

Актерите Голди Хоун и Курт Расел добија ѕвезди на Патеката на славните и ја искористија приликата да покажат зошто се една од најомилените холивудски двојки.



Свеченоста ја зачинија со позирање пред медиумите како двајца млади заљубени и потврдија дека нивната врска е посилна од кога било.



Ќерката на Хоун, актерката Кејт Хадсон, и нејзината најдобра пријателка Рис Витерспун зборуваа со многу љубов и топлина за двајцата актери кои ја одбележаа холивудската кинематографија во 80-тите и 90-тите.

No comments

Powered by Blogger.