Миленикот на Путин опасен: Стивен Сигал е непосакуван во Украина - го ставиле на црната листа

Пишува: Toчка

Стивен Сигал стана "персона нон грата" во Украина, како некој кој би можел да претставува закана по безбедноста на оваа држава.

Украинските безбедносни служби му забранија влез на Сигал во нивната држава во период од пет години, бидејќи "неговите опасни дејствија биле во спротивност од интересите на одржување на безбедноста во Украина".

Инаку актерот има добиено руско државјанство и ги поддржа сепаратистичките тенденции во источниот дел на Украина.

Сигал, кој се прослави по неговите улоги во голем број акциони филмови, веќе повеќе пати ја изрази својата љубов кон поранешниот Советски Сојуз.



Тој јадеше моркови со Александар Лукашенко во Белорусија, јаваше коњ со витешки оклоп на Номадските игри во Киргистан и учествуваше на традиционалниот танц додека беше во посета на Рамазан Кадиров во Чеченија.

Меѓутоа, неговата отворена поддршка за Путин му ги затвори вратите на Украина. Руската анексија на Крим во 2014-та, актерот ја нарече "разумен потег", а кратко потоа и со својот блуз бенд настапуваше на тој полуостров, додека на бината се вееа знамиња на источноукраинските сепаратисти.

Други познати личности кои се најдоа на "црната листа" во Украина се и Жерард Депардје и голем број руски уметници, вклучувајќи ја и кандидатката од оваа земја за песна на Евровизија - Јулија Самоилова. Во украина се забранети и стотици руски филмови.

No comments

Powered by Blogger.