Од поранешен модел до борец против Исламска држава

Поранешниот канадски модел Хана Тајгер Боман се придружила на курдската женска воена единица, за да се бори против терористичката група Исламска држава во северна Сирија.



За BBC таа раскажува дека не се работи само за борбата против џихадистичките групи, туку и за борба за поголеми права на жените.

„Само затоа што си жена и сакаш да земеш оружје и да се бориш за нешто во што веруваш, не значи дека си помалку жена. Сè уште можеш да бидеш женствена и да уживаш во тоа“.



Заминувањето на Блискиот Исток за неа било посебно искуство, бидејќи сакала да им помогне на луѓето да успеат. Таа ги предупредува сите оние кои сакаат да им се придружат на одбранбените сили, дека треба да бидат помирени со помислата дека може да бидат убиени.

No comments

Powered by Blogger.