Ана Винтур одликувана од британската Кралица!

ana odlikuvanje

Уредничката на американски „Воуг“ вчера ја доби британската почесната титула – дама за своите заслуги во модата и новинарството. Ана Винтур е родена Британка, а заслужна е за промоција на многу млади дизајнери од Британија. Таа е на позицијата уредник на познатиот магазин веќе 30 години, а истата и донесе голем углед и значење во светот на модата.

Ана во Бакингамската палата дојде со својата ќерка Би Шефер

При самиот чин на одликување, кралицата Елизабета II имала проблем со прикачувањето на одликувањето – „не можеше убаво да го закачи брошот на мојата облека“, изјави Ана за Би-би-си.


Иако, позната по нејзиниот леден изглед во првите редови на модните ревии, популарната уредничка во оваа пригода им се насмевна на фоторепортерите.

За церемонијата, Винтур одбра да се појави во розов палто-фустан со сребрен ремен, парче од најновата кутур-колекција на „Шанел“.

No comments

Powered by Blogger.