Погледнете ја феноменалната реакција на Путин на смената на шефот на ФБИ: Јас се подготвувам да играм хокеј

Пишува: Toчка

Менувањето на шефот на ФБИ, Џејмс Коми, никако нема да влијае на односите на Москва и Вашингтон, Русија со тоа нема никаква врска, изјавил претседателот на Русија, Владимир Путин.

"Никако нема да влијае. Вашето прашање - немојте да ми се лутите, ве молам - ми е смешно. Немаме со тоа никаква врска", рекол Путин, одговарајќи на прашањето на дописникот на овој канал за тоа дали менувањето на Коми може да се одрази на билатералните односи.

"Претседателот на САД, Доналд Трамп, делува во рамките на предвидениот устав и закон. Што имаме ние таму? Јас, гледате, се подготвувам да играм хокеј со аматери", додал рускиот лидер.
Коми водел истрага против Трамп по повод можните "врски со Русија", кои ги демантираат и Белата куќа и Кремљ.

Противкандидатката на Трамп на претседателските избори, Хилари Клинтон, исто така го обвинувала Коми дека придонел за нејзиниот пораз, така што ширел непотврдени информации за истрагата против неа десеттина дена пред изборите.

No comments

Powered by Blogger.