Откриена причината за итниот состанок во Лондон: Еве кој се повлекува од вршење на кралските должности

Пишува: Toчка

Слични состаноци честопати се организираат, но...

Медиумите рано утринава се собраа пред Бакингемската палата после натписот во весник дека "нешто необично се случува во палатата", пренесува AFP. По серијата на погодувања што би можело тоа да биде, потврдија дека принц Филип од есен веќе нема да биде вклучен во ниту една јавна функција.

Откако одекна веста дека нешто чудно се случува во Бакингемската палата и дека кралицата Елизабета свика итен состанок на вработените и семејството, на интернет започнаа да се шират шпекулации од тоа дека кралицата планира да абдицира до тоа дека принц Филип починал, но ништо од тоа.



Наскоро стана јасно зошто бил свикан итниот состанок. Принц Филип (96), односно војводата од Единбург, со целосна поддршка од кралицата одлучи да се повлече од сите јавни функции. Како што беше потврдено, тој до есен ќе ги заврши сите обврски, а ова е официјалниот документ кој Лорд Чемберлејн го објави за јавноста..




Десетина телевизиски камери се наоѓаат пред палатата, а неколку луѓе ширум земјата, блиски до кралското семејство, биле повикани на состанок "по гласините за информациите кои би се однесувале на кралицата или нејзиниот сопруг", пренесува таблоидот Daily Mirror.



"Иако слични состаноци се организираат повремено, овој пат состанокот беше свикан во последен момент што укажува на тоа дека нешто значајно ќе биде соопштено", навел таблоидот повикувајќи се на неименувани извори.
Инаку, кралицата која неодамна наполни 91-година, во средата се врати во Бакингемската палата по престојот во замокот Виндзор во западниот дел на Лондон.

No comments

Powered by Blogger.