Трамп повторно во незгодна ситуација: Меланија во Рим уште еднаш покажа што мисли за својот сопруг



Само еден ден откако одби да го држи за рака својот сопруг Доналд за време на посетата на Тел Авив, Меланија истото го повтори и во италијанската престолнина Рим.

По слетувањето и излегувањето од "Air Force One" авионот на американскиот претседател, американскиот претседателски пар ги поздрави присутните на аеродромот во Рим, а потоа Трамп посегна по раката на Меланија. Но, првата дама на САД одби да го држи за рака Доналд и наместо даподаде рака, таа ја поправи косата.

Експертот за говор на тело, Пети Вуд, коментирајќи го потегот на Меланија во Тел Авив, изјави дека можеби таа со тоа сака да покаже дека не сака да биде третирана како дете.

No comments

Powered by Blogger.