Тајната на Алкатраз: Всушност постојат тројца кои успеале да избегаат од овде и сѐ уште се живи

Пишува: Точка

Алкатраз отсекогаш се сметал за затвор од кој никој, никогаш не успеал да избега, а тие кои успеале да ги прескокнат ѕидините не го преживеале морето...

Алкатраз засекогаш ќе биде врежан во историјата како тврдината - камен остров во средината на Сан Франциско, од каде никој не успеал успешно да избега. Самошто ова не е вистина. Двајца мажи чии чичковци избегале од Алкатраз во 1962-ра година се убедени дека тие се живи и здрави. Веќе подолго од 50 години се верува дека Џон и Кларенс Англин, вооружени разбојници, исчезнале во морето со Френк Морис, уште еден затвореник, кој за време на бегството го олицетворил Клинт Иствуд во филмот од 1979-та година "Бегство од Алкатраз".

Се знае дека вкупно 36 лица се обиделе да избегаат од затворот, иако наводно никој не успеал. Но Кен и Дејвид Вајднер се убедени дека нивните чичковци успеале и преживеале и дека можеби уште се живи и живеат некаде во Бразил.



"Официјалните лица од Алкатраз не сакаа да признаат дека бегалците можеби го преживеале бегството. А тоа ме мотивираше да им докажам дека не се во право", изјавил 48-годишниот Дејвид.
Најпознатото бегство

Приказната започнува во 1960-та година кога Џон Англин, едно од 14-та деца од сиромашно семејство, бил испратен во Алкатраз. За разлика од некои озлогласени затвореници, Џон само ограбувал банки (уште поинтересно е што тоа го правел со пластичен пиштол), но неколку пати се обидел да избега од затвор, па поради тоа го префрлиле во Алкатраз, каде една година подоцна му се приклучил и брат му Кларенс.

Браќата се спријателиле со Френк Морис, ограбувач и дилер на дрога, па заедно смислиле план да ископаат дупка преку која ќе излезат надвор од ќелијата и ќе стигнат до прегот со помош на сплав кој би го изградиле од мантили. Браќата заедно со Франк Морисон го смислувале бегството една и пол година. Одлуката била дека 11. јуни 1962. година ќе биде денот кога ќе ја здогледаат слободата. За да ги измамат чуварите, изработиле две глави со вистинска коса (која ја земале од затворскиот фризер). Главите биле направени во природна големина од сапун и тоалетна хартија, па креветите ги наместиле да изгледа како некој да лежи во нив за да не се открие бегството при ноќното пребројување.



Алкатраз бил затвор на остров во тој залив, оддалечен од копното 2.4 километри. Од тогаш веќе никогаш никој не ги видел. На брегот биле откриени коски за кои се верувало дека се нивните остатоци иако Вајднер никогаш не поверувале во тоа. Управата на затворот со децении тврди дека бегалците се удавиле за да го сочува митот за совршено чуваниот затвор од кој никој не успеал да побегне. Мајката на Џон и Кларенс наредните три години добивала честитки за Божиќ потпишани токму од нив, исчезнатите синови, а со анализа била потврдедено дека тие би можеле да бидат автентични. Единствениот проблем е тоа што не можеле да докажат кога се напишани.



Вајти Булџер, мафијаш од Бостон кој служел казна во Алкатраз исто кога и браќата, а чија биографија послужи како инспирација за нивиот филм на Џони Деп, "Black Mass", тврди дека ги советувал бегалците како да избегнат повторно да бидат уапсени. "Ги уверил дека кога еднаш ќе исчезнат не смеат веќе никогаш со никој да комуницираат. Тоа ми го напиша во писмото и ми кажа дека тоа е грешката која он ја направил", вели Кен Њајднер. Најневеројатни се фотографиите од нив на кои изгледаат многу постаро отколку што би требало да бидат во врмето на бегството. Едно од минатогодишните истражувања докажало дека доколку тие двајца биле во морето во вистинското време, односно помеѓу 23:00 часот и полноќ, и ако веслале кон север би можеле успешно да стигнат до брегот.

Пензионираниот инспектор кој поминал 20 години истражувајќи го нивното бегство, Арт Родерик, тврди дека сега има чувство дека сите коцки се поклопуваат и дека сѐ има смисла. Веселата тројка можеби сето ова го гледа од некои топли краишта и се смешка.

No comments

Powered by Blogger.