Родман открил вистина за Ким: Тој не сака да фрли нуклеарна бомба и не ги мрази Американците

Пишува: Toчка

Родман веќе со години има посебно пријателство со Ким, кој е инаку голем љубител на Чикаго Булс, каде Родман ги минал своите најуспешни години.

Во интервју за DuJour, поранешната НБА ѕвезда вели дека медиумите погрешно го претставуваат неговиот пријател, а јавноста погрешно го доживува, и покрај тоа што тој "личност како било која друга", пренесува Daily Mail.

Исто така, и покрај што Ким константно се заканува со напад на САД, Родман тврди дека севернкорејскиот лидер му рекол: "Немам намера да бомбардирам никого".

"Тој е шегобиец. Сака да игра кошарка, билјард и пинг понг. Сака и американска музика од 80-тите и караоке", вели Родман.



"Има и женски бенд од 13 членови со гудачки инструменти...Ги сака "The Doors" и Џими Хендрикс. Кога прв пат отидов во Северна Кореја, бендот свиреше само 2 песни од почетокот и почеток четири часа: Насловната музика од "Роки" и од серијата "Далас".

Кога станува збор за нуклеарните планови на Ким, Родман вели: "Тој смета дека мора да имаат нуклеарни бомби, бидејќи знаат дека Американците ќе се обидат да ги окупираат. Ми кажа: Не сакам да бомбардирам никого, но имаме нуклеарно оружје, бидејќи сме мала земја. Тоа е единствен начин да се одбраниме. Тој сака луѓето во Америка да знаат дека тој неги мрази. Тој сака да работи со Американците".

Поранешниот кошаркар ја посетил таа држава шест пати од 2013. година, и открил дека бебето на Ким не го држел во раце никој пред него.



Родман смета дека Ким е вистински иноватор.

"Кога прв пат отидов таму, се беше толку...комунистички", рекол тој. "Суво и безживотно. Беше многу мртво. Меѓутоа, кога отидов третиот пат, увидов дека Пјонгјанг многу се промени. Имаше нови згради, а Ким изградил и многу нови станбени објекти и хотели. Направил и најголем воден парк во светот, ски центар и голем терен за куглање. Многу прави за тие луѓе. Можете да одите на куглање или да пливате цел ден за околу 50 центи".

No comments

Powered by Blogger.