Утре организиран пречек на ракометарите на Вардар

На плоштадот „Македонија“ утре ќе се организира пречек на ракометарите на ракометниот клуб Вардар, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн.



Ракометарите се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ утре во 11:15 часот од каде што ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев, зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.

Оттаму шампионите ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“. Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.

ЈСП „Скопје“ ќе организира бесплатен автобуски превоз за дочек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“.

Термините и локациите на тргнување на автобусите се следни:

1. Ѓорче Петров

Тргнува од црквата „Свети Петар и Павле“ во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– City Mall,

– Хотел „Карпош“ (наспроти Хотел „Карпош“ кон центар) и

– Македонски Пошти.

2. Кисела Вода

Тргнува од почетен терминал на линија 24 во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– Општина Кисела Вода,

– Транспортен Центар (Бензинска пумпа Макпетрол) и

– Алкалоид (Автокоманда).

3. Аеродром

Тргнува од ТЦ „Скопјанка“ (пред Тобако 2) во 9:30 часот, со застанување на следните локации:

– Т.Ц. Бисер,

– Пошта (Ново Лисиче),

– ФФМ (Ново Лисиче) и

– Слаткарница „Шарлота“ (автопат на излез од Маџари).

No comments

Powered by Blogger.