Што се случува во Бакингемската палата? Вонредна седница, повикани се сите членови на семејството!


Персоналот на британското кралско семејство ширум Велика Британија како и сите членови на семејството се итно повикани во Лондон, а се шпекулира дека станува збор за драматична, здравствена состојба на 91-годишната кралица Елизабета или пак нејзиниот 95-годишен сопруг, принцот Филип.

Најавено е дека на сите оние кои се повикани ќе им се обрати Лорд Чамберлејн, еден од најблиските помошници на кралицата.

И покрај нејзината возраст, Елизабета редовно ги извршува своите службени должности иако во последно време ги редуцираше, префрлајќи им дел на останатите членови од семејството.



Па така во средата, во палатата таа ја прими британската премиерка Тереза Меј, со цел да го одбележи распуштањето на парламентот поради предвремените избори.

Анкетите од јавното мислење покажуваат дека Елизабета и понатаму е популарна меѓу Британците, а кралските советници велат дека веројатноста таа да абдицира е многу мала.



Медиумите уште рано утринава се собраа пред Бакингемската палата веднаш по објавата дека "нешто необично се случува во палатата".

"Иако слични состаноци се организираат периодично, овој пат седницата беше свикана во последен момент, што укажува на тоа дека нешто значајно ќе биде соопштено", наведуваат британските медиуми.

No comments

Powered by Blogger.