Раздор каков што не е забележан: Зошто кризата во Катар која го потресува светот, се случува токму сега?

Пишува: Точка

Шест заливски држави, кои пред два дена со својата изолација целосно го отсекле Катар од светот, официјално изјавиле дека се одлучиле на тој потег бидејќи оваа земја го финансира радикалниот екстремизам. Но, зошто дури сега, кога за нивната поддршка на терористите се зборува години наназад?

Раздорот каков што не е забележан меѓу заливските земји може да има сериозни последици. Не само што Саудиска Арабија и нејзините сојузници го отсекле Катар на море, копно и воздух од целиот свет, го исфрлиле и од коалицијата која се бори во Јемен и ги повлекле дипломатите од нивната територија, туку и издале наредба до своите живтели да ја напуштат оваа држава во рок од 14 дена.

Како резултат од тоа, цените на нафтата на светските берзи почнале да растат уште истиот ден, а како што пренеле светските медиуми, сето тоа било направено со цел во земјата да се предизвика инфлација, што би довело граѓански притисок на владејачкото семејство да го промени водството или насоката.

Овие мерки се далеку посериозни од оние во 2014. година, кога Саудиска Арабија, Бахреин и ОАЕ ги повлекле своите амбасадори од Доха, престолнината на Катар.



Во соопштението кое го издала саудиската новинска агенција SPA, саудискиот нафтен гигант го обвинил Катар дека поддржува екстремистички групи и ја шири нивната насилна идеологија. Во соопштението Катар понатаму е обвинет дека поддржува екстремисти кои го поддржуваат Иран.

Сите обвиненија официјален Катар ги отфрлил, но ова не е прв пат да се соочува со обвиненија за финансирање и поддршка на тероризам. Уште во 2003. година американскиот Конгрес нагласил дека неколку струи во Катар ја поддржуваат Ал Каеда, пред се финансиски. Десет години подоцна САД го прогласила Абд ал-Раман бин Умаир ал-Нуајми од Катар како светски терорист од посебно значење. Следната години катарски дипломат изјавил дека меѓу 8 и 12 клучни луѓе во Катар плаќаат милиони фунти на борци кои се инфилтрираат во Сирија.



Што се случува зад завесата?

Службеници во Ријад и Абу Даби со години се бесни на надворешната политика која ја спроведува Катар зад нивниот грб, кој не се плаши, за разлика од Бахреин, да ги финансира сопствените проекти.

По "Арапската пролет" Катар се приближил до исламските политички партии како што е египетската Муслимански браќа. Дополнителниот трн во око на соседите, медиумската катарска агенција "Al Jazeera", се вклучила во поддршката за овие групи, често поддржувајќи демократија и бунтови во региони каде владееле автократи и ројалисти, а Катар најактивно ги поддржувал исламските борци во бунтот во Сирија и Либија, пишува Washington Post.

"Земјите од овие области може да се вбројат во два табора. Едни кои се обидуваат да ги продлабочат меѓународните интереси преку поддршка за исламистите, и оние кои се против тоа", напишал експертот за Средниот исток Хасан Хасан во авторскиот текст за National.



Зошто баш сега?

Има многу теории зошто кризата во Арапскиот залив отишла толку далеку. Како една од причините се наведуваат и два хакерски инциденти.

Првиот, изјавата која била објавена на сајтот на Катарската национална телевизија, во која се наведува дека емиратите се наклонети на Хезболах, милитантна група од Иран и Шиити, за што Катар обвинил хакери. Вториот инцидент го предизвикале мејлови на службеник од емиратите во Вашингтон, кои ја откриваат желбата на ОАЕ да го наруши влијанието на Катар.

Меѓутоа, една од главните причини морал да биде и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој го посетил Ријад минатиот месец, и ја поддржал агендата на Саудиска Арабија на Средниот исток.

По посетата, Трамп неколку пати ја прокоментирал својата посета на Твитер, каде јасно рекол дека Катар поддржува "радикална идеологија."


No comments

Powered by Blogger.