Земјата се тресе, небото над Москва гори: Како изгледаше најголемата парада во историјата

Пишува: Tочка

На 72-годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во Втората светска војна, ширум Руската Федерација се организираат паради за Денот на победата. Најголемата парада, како и секоја година се организира во Москва, каде оваа година учествувале 10.001 војник, 72 авиони и хеликоптери, како и повеќе од 114 парчиња воена техника.

Настанот се состои од три главни дела, марш на пешадијата, оклопните возила и воздушно-космичките сили, вклучувајќи и воени хеликоптери и авиони.
На Црвениот плоштад продефилирал и воениот оркестар.
"S-400", едно од најмодерните оружја, исто така можело да се види на спектакуларната парада на Црвениот плоштад.
Арктичките возила покажале со каква моќ располага Русија на северниот пол.
Меѓу оклопните возила, најмногу внимание привлекол тенкот "Армата".
Прв меѓу оклопните возила продефилирал тенкот 34, кој создаден за време на војната и со чија помош Црвената армија дошла до Берлин.
Првиот дел од парадата бил завршен со минување на питомците на воената школа.
На овогодишната парада учествуваат двојно повеќе жени отколку минатата година.
На Црвениот плоштад прошетале и руски кадетки.
За прв пат на парадата учествувала и пешадија од Арктикот.
Морнарицата исто така ја покажала својата моќ на Црвениот плоштад.
На споменатиот плоштад прошетале и воздушно-космичките сили.
Прв пат продефилирале и најмладите војници, припадници на Јунармијата.
Воената парада традиционално ја отвораат млади тапанари од воената школа кои го даваат темпото на движење во парадата.
Интересирањето на Русите за овогодишната парада за Денот на победата е најголемо од 2000. година. Во обезбедувањето на главниот град на Русија учествуваат 378.000 вработени во различни служби.
На насобраните им со обратил и претседателот на Русија, Владимир Путин, со зборовите:

Почитувани граѓани на Русија, драги ветерани, војници и старешини, другари генерали и адмирали, ви го честитам Денот на победата. Оваа победа ќе остане врв на победата на здравиот разум. Војната однесе милиони животи. На Советскиот Сојуз нацистите му го задале најголемиот удар, но нема да има таква сила која ќе го покори нашиот народ. Го свртевме крвавото тркало на Втората светска војна во спротивна насока и го уништивме нацизмот. Мирот го извојуваа нашите татковци, дедовци и прадедовци. Им порачувам дека никогаш нема да се срамат од нас. Ќе ја пренесеме вистината и на следните поколенија. Слава на народот победник! Ура!
Потоа, имало минута молк за сите настрадани.
Парадата започнала во 10.00 часот по московско време, откако министерот за одбрана Сергеј Шојгу спровел ревизија на војниците. Традиционално, војниците кои учествуваат на парадата му одговараат со извикот - "Ура".
Командант на парадата е командантот на Копнените сили на Руската федерација, генерал Олег Салјуков.
Од Кулата на спасот во Кремљ бил означен почетокот на парадата.

No comments

Powered by Blogger.