Без никаков договор му пристигнала опомена за неплаќање на сметки - вработена правела лажни договори


Секторот за Внатрешни Работи Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишната Б.С.Г. од село Мала Речица, вработена во АД „Македонски Телеком“ Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „посебни случаи на фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

- На 10.11.2016 година на домашна адреса на 28-годишниот В.Б.од Тетово пристигнале опомени од Македонски Телеком-АД Скопје за неплатени фактури, односно користени услуги за мобилни телефони, за кои истиот немал направено никакви договори со наведениот правен субјект. Кога пристигнал во салонот од страна на вработените му било кажано дека В.Б. на 25.07.2016 година со Македонски Телеком има склучено два одделни договори за засновање на претплатнички односи за користење на јавна комуникациска мрежа и електронски услуги и се издадени две сим картички со телефонски броеви.

По преземени мерки и извршено графолошко вештачење е утврдено дека пријавената, користејќи ги личните податоци на В.Б., ги изготвила и потпишала горенаведените претплатнички договори.

No comments

Powered by Blogger.