Дибиров: Ми се смееја кога велев дека ќе освоиме четири трофеи

Пишува: Точка

Со својата посветеност и стажот кој го има во редовите на новиот европски шампион, Тимур Дибиров е еден од најзаслужните за големиот успех на Вардар во Келн.

По натпреварот тој потенцираше дека одамна прогнозирал европска титула, заедно со тие во СЕХА лигата, првенството и купот.

– На почетокот на сезоната ваков епилог ни се гледаше многу далечен. Пред месец-два кажав дека одиме на четири трофеи, сите ми се смееја. Кога на ждрепката кажав дека ќе се вратиме со последниот авион, сите мислеа дека сум претерано самоуверен. Но, ако ме знаете добро, ќе знаете дека јас не зборувам на памет, а сега сум многу среќен поради титулата. Имавме верба во себе и она што го работевме цела сезона и најважно е што ги израдувавме навивачите, – истакна рускиот интернационалец во редовите на Вардар.

No comments

Powered by Blogger.