Путин даде одговор на непосакуваното прашање: Што би се случило кога Русија и САД би влегле во војна?

Пишува:  Точка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, има повеќе интервјуа со познатиот филмски режисер Оливер Стоун во кој тој ги одговара најконтроверзните прашања на современата меѓународна политика.

Говорејќи за можна воена конфронтација меѓу Русија и САД, Рускиот претседател изјави дека никој на Земјата не би преживеал.

"Мислам дека никој не би преживеал (таков конфликт)", изјавил Путин одговарајќи на прашањето дали САД би доминирале во "жешката војна" против Русија.



Путин додал и дека Северноатлантската алијанса (НАТО) е во постојана потрага по непријател за да си го оправда своето постиење.

"Повеќе не постои Источниот блок, нема веќе Советски Сојуз. Зошто тогаш, се упте постои НАТО? Мојот впечаток е дека за да си го оправда своето постоење, НАТО има потреба од надворешен непријател, постои таа постојана потреба за непријател или некој акт на провокации за некој да се именува како непријател." - изјавил Путин.



Меѓутоа, Путин додал и дека постои надеж за нормализација на руско-американските односи.

"Америка имаше избори. Доналд Трамп победи. Има ли надеж за промени?" - го прашал Стоун Путин.



"Надеж? Надеж секогаш постои. Се додека нас не не закопаат", одговорил Владимир Путин.

No comments

Powered by Blogger.