Трамп налетал на еднаков на себе: Ракувањето со таџикистанскиот претседател целосно го збунило

Пишува: Точка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, конечно нашол еднаков на себе, барем кога станува збор за необичното долго ракување.

Таџикистанскиот претседател Емомаил Рахмон му покажал на Доналд Трамп што значи долго ракување на нивната средба во Саудиска Арабија за време на викендот.

Трамп се состанал со Рахмон во неделата во Ријад, и лидерот на Таџикистан го изложил Трамп на доста долго ракување пред камерите. Ракувањето било толку интензивно, па изгледало како раката на Трамп да е направена од гума.
Ракувањето на Трамп привлекло глобално внимание поради необичното долго траење, како и неговата тенденција да ја влече раката на другото лице кон себе, оставајќи неколку светски лидери во чудо пред камерите.



Канадскиот премиер Џастин Трудо и премиерот на Јапонија Шинзо Абе, се само некои од "жртвите" на озлогласеното ракување на Трамп, додека избегнал да се ракува со канцеларката Ангела Меркел, бидејќи не го слушнал нејзиниот предлог.



Рахмон бил снимен како со неколку светски лидери на самитот се ракува необично долго.

No comments

Powered by Blogger.