Пред поранешниот директор на ФБИ е блескава кариера: Добил одлична понуда истиот ден кога доби отказ

Пишува: Точка

Не стивнуваат реакциите на јавноста откако Доналд Трамп одлучи да му врачи отказ на првиот човек на ФБИ, Џејмс Коми.

Поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден ја обвини администрацијата на Доналд Трамп за политичко вмешување при отказот на првиот човек на ФБИ, Џејмс Коми, додека пак Џулијан Асанж веднаш се огласи и го повика Коми да започне да работи за Викиликс.

Коми беше отпуштен во вторникот, само еден ден откако сведочеше пред комитетот на Сенатот за правосудство за истрагата на наводната руска вмешаност во претседателските избори во Соединетите Американски Држави минатата година.

„Да ја оставиме политиката на страна - секој Американец треба да го осуди таквото политичко мешање во работата на ФБИ“, порача Едвард Сноуден на својот профил на Твитер откако Доналд Трамп му го врачи отказот на Коми.



Многумина сметаат дека Коми бил отпуштен поради истрагата на ФБИ за мешањето на Русија во претседателските избори во САД, односно во наводната помош која што ја добил Трамп од Русите за да стане претседател на државата.

Заменик правобранителот Род Росенстајн изјави дека Коми е отпуштен поради неговото раководење со истрагата околу користењето на приватниот мејл сервер на Хилари Клинтон додека таа беше државен секретар на САД.



Асанж на Твитер порача дека Викиликс ќе размисли околу ангажирањето на Џејмс Коми да ја води нивната канцеларија во Вашингтон, доколку тој навистина имал намера да ја истражи работата на владата на САД.

Асанж откри дека негов извор од ФБИ му кажал дека од Федералното истражно биро „започнале да протекуваат информации како Нијагара“. Тој порачал: „Но, ве молам, ФБИ пријатели, само комплетни документи, инаку знаете дека новинарите ќе започнат да спинуваат“.

No comments

Powered by Blogger.